Наместо личен шофер се вози со метро, диџејува, а е директор на најбогатата инвестициска банка во светот

Фото: банкарство.мк

Главниот извршен директор на Goldman Sachs, Дејвид Соломон не е просечен извршен директор. Тој иако е директор на најбогатата инвестициска банка во светот, пред сè е многу скромен и живее едноставен живот, пишува Банкарство.мк.

Да, тој заработи 23 милиони долари минатата година, но откако го презеде кормилото во инвестициската банка од Лојд Бланкфејн во октомври 2018 година, тој го избегнува здодевното однесување на Вол Стрит, пренесува CNBC Make It.

Педесет и седумгодишниот Соломон, познат како „Д-Сол“ за време на викендите настапува како класичен рок диџеј во ноќните клубови во Њујорк, Мајами и на Бахамите и објавува бендови како Guns N ‘Roses и White Stripes.

Соломон, исто така, не сака да ги користи привилегиите кои ги носи директорското место, па наместо личен шофер и скап службен автомобил, тој на работа оди со метро.

„Мислам, зошто да не го користиме метрото?“, изјави неодамна Соломон за „Fortune“. „Не најсериозно. Многу е побрзо и поефикасно од преостанатите превозни средства. Знаете, градоначалникот на Њујорк може да се вози со метрото, па зошто тогаш да не може извршниот директор на Goldman Sachs?“, додаде тој.

Според „Fortune“, некои членови на одборот на директори на Goldman Sachs не се задоволни од идејата на Соломон за метрото. Но, тоа него не му пречи. Ниту пак, фактот што неговата диџејска дејност стана секојдневна храна за медиумите.

Но, ништо од тоа на Соломон не му пречи, тој едноставно ужива во едноставноста и во живеењето на забавен секојдневен живот.

Соломон првпат беше откриен како диџеј Д-Сол од страна на Newyork Times во 2017 година, кога тој беше во средината на неговата кампања да стане извршен директор. Соломон рече дека некои соработници го убедувале веднаш да се откаже од диџејската кариера, доколку ја добие работа, но во тој момент и тој самиот се чувствувал загрижен, бидејќи сметал дека јавноста нема да го сфати сериозно.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот