Наместени два натпревари во Србија, потврдија и од федерацијата!
Фудбалската федерација на Србија (ФСС) потврди дека Европската куќа на фудбалот (УЕФА) испратила писмо во врска со потенцијално наместени натпревари во српскиот фудбал.
Препорачано
Како што првично објави „Спорт клуб“, врз основа на следењето на плаќањата во обложувалниците во Европа и Азија, надлежните претставници на УЕФА идентификуваа сериозни аномалии и проследија обемна документација до канцеларијата на ФСС.
Вниманието на УЕФА го привлекоа огромните суми на пари платени во споменатите обложувалници за исходот од два натпревари во домашните натпреварувања.
На федерацијата ѝ беа доставени снимки од контроверзни натпревари, кои содржат нелогични и контрапродуктивни потези, за кои, како што се сомнева, крајната цел беше местење на натпревари. Околу овој случај се огласија и од ФСС со кратко соопштение:
– Вистина е дека добивме одредени податоци од УЕФА во врска со можни нерегуларности кои укажуваат на повреда на интегритетот на одредени натпревари – се вели во соопштението.
Воедно додаваат дека процесот пред надлежните органи на федерација е во тек. Засега не можат да откријат повеќе детали, а јавноста наскоро ќе биде информирана за сè.


