Намален бројот на прикажани претстави, но со повеќе публика

Македонски народен театар / Фото: Архива на „Слободен печат“

Bо периодот 2022/2023 година, вкупниот број на прикажаните претстави во професионалните театри во земјава е намален за еден процент, додека бројот на посетителите е зголемен за 27 отсто во однос на периодот 2021/2022 година, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Просечниот број на посетителите на една претстава изнесувал 195.

Во периодот 2022/2023 година, бројот на прикажаните претстави во професионалните театри за деца и млади е зголемен за 38 отсто, исто така и бројот на посетителите е зголемен за 105.3 отсто во однос на периодот 2021/2022 година.

Бројот на прикажаните претстави во аматерските театри е намален за 18.7 проценти, исто така и вкупниот број на посетителите е намален за 35.3 отсто во однос на периодот 2021/2022 година.

Во периодот 2022/2023 година, бројот на посетителите на Филхармонијата е намален во однос на периодот 2021/2022 година.

Кај професионалниот ансамбл за народни игри и песни, во периодот 2022/2023 година, во споредба со 2021/2022 година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и на бројот на посетителите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот