Најзаслужна за победата на Трамп: Која е Сузи Вајлс, жената која ги „замолчи“ демократите?

Сузан Вајлс EPA-EFE/CRISTOBAL HERRERA-ULASHKEVICH

Сузи Вајлс (67) наскоро ќе стане  најмоќната жена во Вашингтон, но многу луѓе од овој град допрвин ќе  запознаваат.

Ветеранката на политиката на Флорида, Вајлс се издигна од менаџер на кампањата на Доналд Трамп во Флорида во 2016 година до висок советник за неговата кандидатура во 2024 година.

Изборот на Вајлс не е изненадувачки. Таа ја заслужи почитта на Трамп и покажа способност да помогне во контролирањето на импулсивноста  на Трамп – колку што е можно, пишува Политико.

Трамп ѝ рекол дека е „тврда, паметна, иновативна и дека универзално ѝ се восхитуваат и ја почитуваат.

Нема сомнеж дека таа ќе ја направи нашата земја горда“, изјавил Трамп.

Трамп и Сузи Вајс
фото: Profimedia

Сепак, таа сè уште е аутсајдер од Вашингтон со мало искуство во владата, што би можело да биде предизвик бидејќи презема една од најзахтевните  и најсложените работни места на извршниот персонал.

Вајлс ретко зборува јавно. На победничкиот говор на Трамп во средата, се чинеше дека таа речиси се откажа од неговата покана да каже неколку зборови – верувајќи дека подценетото  присуство  зад сцената може да биде ефективно.

САД весници EPA-EFE/MAST IRHAM

Со назначувањето на Вајлс за првата жена шеф на кабинет во историјата на Белата куќа, Трамп ги замолчи демократите и обвинувањата од кампањата дека не им верува и не ги разбира жените.

Сепак, Сузи Вајлс сè уште останува енигма за пошироката јавност. „Никој дури и не знае која е таа“, вели за Сузан ветеранот лобист Рони Бук.

Ненаметливата Сузан држи се под контрола и веднаш ги решава сите кризни ситуации. Таа се смета себеси за умерен републиканец . Таа е разведена и има две деца.

Критичарите од изборниот штаб на Камала Харис ја споредуваат „со историските  соработници на авторитарните лидери“.

Либералните аналитичари и конзервативците  сметаат дека нејзиниот ангажман  во политиката на  Трамп придонесува за уривање на демократските норми. Сузан Вајлс со огорченост ги отфрла обвинувањата како „гнасни“ и неосновани.

Во своите ретки јавни настапи, Вајлс нагласува дека својата работа ја гледа како начин да придонесе во политичкиот процес, без оглед на личните политички преференци.

– Луѓето не знаат зошто го правам тоа. И тие не прашуваат -изјави Вајлс

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот