Највисокото тело на ДУИ пред седницата на Уставниот суд за Законот за употреба на јазиците ќе ги договара идните чекори

ДУИ - штаб / Фото: „Слободен печат“ - Зоран Димовски

Најтесното претседателство на опозициската Демократска унија за интеграција вчеравечер на вонреден состанок одлучило в понеделник да го свика највисокото партиско тело во пресрет на закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември за Законот за употреба на јазиците, како што соопшти партијата, за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на Владата да ја дестабилизира земјата.

Вчера вечер, тесното Претседателство на Демократската унија за интеграција одржа состанок за да ја процени загрижувачката ситуација предизвикана од закажаната седница на Уставниот суд на 11 декември, која има за цел да го укине Законот за употреба на јазиците и, преку тоа, да го поништи Охридскиот рамковен договор и мирот што тој го воспостави. Тесното раководство оцени дека овие постапки се дел од оркестрирана кампања на нелегитимната влада и претставуваат сериозна закана за стабилноста на земјата и меѓуетничката хармонија. Во пресрет на оваа неприфатлива состојба, Тесното раководство одлучи да го свика највисокото партиско тело во понеделник, за да се донесат одлуки за натамошните чекори и да се дефинираат конкретни мерки за спречување на обидите на владата да ја дестабилизира земјата, стои во соопштението на ДУИ.

Оттаму уште еднаш ги повикуваате сите вклучени во овој план да ја прекинат оваа лудост, бидејќи последиците ќе бидат незамисливи.

ДУИ останува посветена на заштитата на Охридскиот рамковен договор и на сите достигнувања што ја гарантираат еднаквоста и мирот во Северна Македонија. Во овие клучни моменти, ги повикуваме сите граѓани и меѓународните фактори да останат обединети во одбраната на мирот и стабилноста, соопшти ДУИ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот