Најубавото пролетно цвеќе: Осум совети за подолготрајни лалиња во вашиот дом
Со доаѓањето на пролетта, тешко е да се одолее на шаренилото на лалињата кои почнуваат да никнуваат во градините и да ги исполнуваат полиците во продавниците за цвеќе. Малкумина можат да одолеат да не внесат дел од таа свежина и боја во својот дом, пишува во објавата на веб-страницата на Марта Стјуарт.
Препорачано
Иако постојат стотици сорти и безброј начини за нивно аранжирање, тајната како лалињата да траат подолго во вазна се сведува на неколку проверени совети од искусни цвеќари.
Еве како да го зачувате нивниот свеж изглед и да уживате во букетот што е можно подолго.
Правилно скратете ги стеблата
Пред да ги ставите во вазна, исечете ги стеблата косо. На овој начин се отстрануваат бактериите и се овозможува подобро впивање на водата, што е клучно за свежината на цветовите.
Отстранете ги вишокот листови
Лалињата подобро се одржуваат кога ќе се отстранат поголемиот дел од листовите, оставајќи само еден блиску до цветот. Со тоа се намалува тежината и се продолжува нивниот свеж изглед.
Чувајте ги подалеку од топлина и директна светлина
Лалињата природно се свртуваат кон светлината, но директното сонце и топлината го забрзуваат нивното овенување. Поставете ги на ладно и засенето место.
Не претерувајте со водата
Иако им е потребна вода, лалињата се чувствителни на преголема количина. Доволно е вазната да не биде целосно полна, за да се избегне омекнување на стеблата.
Менувајте ја водата редовно
Свежа и ладна вода е клучна. Препорачливо е да се менува секој ден или секој втор ден за да се спречи развој на бактерии и непријатен мирис.
Внимавајте со кои цвеќиња ги комбинирате
Избегнувајте да ги комбинирате со нарциси, бидејќи тие испуштаат сок кој може да го попречи впивањето вода кај лалињата. Наместо тоа, одлично се вклопуваат со камилица или слични нежни цветови.
Трик со игла за подолг век
Мал убод со игла на стеблото, неколку сантиметри под цветот, може да помогне бојата да се задржи подолго.
Специјална вазна за лалиња
За поуреден и естетски изглед, се препорачуваат вазни со повеќе отвори, кои овозможуваат секое лале да стои посебно и стабилно.
Спречете ги лалињата да овенат: Со овој трик букетот може да трае и до две недели!


