Најстариот пингвин влезе во Гинис: Олде наполни 41 година! (ФОТО)

Женката пингвин по име Олде, од Зоолошката градина во градот Одензе, влезе во Гинисовата книга на рекорди како најстариот пингвин во светот откако наполни 41 година.

Твитер

Видот, кој е со потекло од Антарктикот и околните острови, обично живее само 30 години.

„Целата Зоолошка градина е горда на Олде, која е тивка и мирна“, коментираат одговорните лица.

Твитер

Поради своите години, Олде сега има малку поинаков третман во споредба со другите пингвини, па, на пример, нејзината риба се служи одделно за да не мора да ја дели со помладите пингвини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот