Најскапите книги на светот: На прво место е мистериозниот дневник на голем уметник

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Колку пари сте подготвени да платите за прво издание на книга? Повеќето луѓе не се ни мачат да ги добијат првите изданија, особено што препечатените ги содржат истите информации. На листата на најскапи книги главно се наоѓаат стари текстови од големо историско значење и литературни дела на познати писатели. Погледнете ја листата на овие магични книги и нурнете во историјата на печатот и светските литературни богатства.

10. Библијата на Гутенберг – 4,9 милиони

Ова е првата книга отпечатена со печатарска машина на Запад и го симболизира почетокот на печатењето и моментот на револуционерна промена во историјата на комуникацијата. И покрај статусот на книжевна икона, тaa е само на 10. место на оваа листа. Треба да се запомни дека е купена во 1987 година и дека неjзината вредност денес би била меѓу 25 и 35 милиони долари.

9. Првото фолио на Шекспировите комедии, историски драми и трагедии – 6,16 милиони долари

Збирката на драми на Шекспир првично била објавена во 750 примероци во 1623 година, но се верува дека само една третина од нив преживеале до денес. 82 примероци се наоѓаат во библиотеката „Фолгер Шекспир“ во Вашингтон. Најскапиот примерок беше продаден на аукција во 2001 година. Го продаде ко-основачот на „Мајкрософт“ Пол Ален.

8. „Кентербериски приказни“ – 7,5 милиони долари

Сè уште постојат само 12 копии од оригиналните „Кентербериски приказни“ на Чосер, а оваа беше купена од лондонски дилери во 1998 година.

7. „Птиците на Америка“ – 11,5 милиони долари

Книгата на натуралистот и сликар Џон Џејмс Одубон содржи цела серија на видови птици, од кои 6 се сега исчезнати. Од 119 примероци од целиот свет, трите најскапи се продадени за 11,5; 8,8 и 7,9 милиони долари.

6. „Евангелијата на Хенри Лавот“ – 11,7 милиони долари

Се смета за ремек-дело на романескната илустрација на книгите. Таа беше најскапата книга на светот сѐ додека Бил Гејтс не го купи „Лестерскиот кодекс“ во 1994 година. Сега се наоѓа во библиотеката „Херког Огуст“ во Волфенбител и се изложува секоја втора година од безбедносни причини.

5. Молитвеникот на Ротшилд – 13,4 милиони долари

Ова е важна фламанска илуминација и хронологија составена од неколку уметници. Тој беше купен од „Кристи“ од австралискиот бизнисмен Кери Стоукс и сега е изложен во Националната библиотека на Австралија.

4. „Книга на псалми на Беј“ – 14,165 милиони

Ова е првата книга отпечатена во САД. Составен е во 1640 година во Кембриџ, Масачусетс, дваесет години по доаѓањето на доселениците. Се верува дека 11 примероци биле дистрибуирани до универзитетите во земјата, како што се Харвард и Јејл, и библиотеки како Јавната библиотека на Њујорк и Конгресната библиотека. Американскиот финансиер Дејвид Рубеинштајн купил примерок од книгата за 14.165 милиони долари од бостонската стара јужна црква.

3. „Сент Катберт Госпел“ – 14,3 милиони долари

Познато и како „Евангелието на Стоунхерст“ или „Евангелието на Свети Катберт според Свети Јован“, оваа мала молитвена книга од 8 век била напишана на латински. Димензиите на страниците се 138 на 92 милиметри. И покрај ова, ова е најдобро зачуваната книга во нејзината ера. Од 2012 година, официјално е во сопственост на Британската библиотека.

2. „Магна Карта“ – 21,2 милиони долари

„Magna Carta Libertatum“, попозната како „Magna Carta“, е повелба потпишана од англискиот крал Џон на 15 јуни 1215 година. Во обид да ги ограничат кралските овластувања, федералните барони ја составиле оваа повелба за да ја потпише кралот. Согласно договорот, на црквата ѝ беше ветена заштита, бароните не можеа незаконски да бидат притворени, судењата беа забрзани, а од овој договор се разви владеење на уставното право.

1. „Кодекс Лестер“ – 30,8 милиони долари

Во ова списание од 72 страници на научникот Леонардо да Винчи, документирани се древни откритија како каде да се најдат фосили и зошто Месечината сјае. Самиот математичар го напишал и овој кодекс бил продаден на аукцијата на „Кристи“ во 1994 година и сега е во сопственост на основачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, кој скенирал бројни страници и создал дигитални копии кои подоцна биле користени како заштитници на екранот за Windows 95.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот