Најпознатата светска воена репортерка Кристијан Аманпур откри дека има рак на јајчниците во програма во живо

Кристијан Аманпур
Фото: Инстаграм

Репортерката која известуваше од најопасните воени жаришта, се вратила на работа еден месец по операцијата на ракот на јајчниците и им порача на жените редовно да одат на прегледи, да го слушаат своето тело и да не дозволуваат никој да ги отфрла или да ги минимизира нивните проблеми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christiane Amanpour (@camanpour)

Откако еден месец беше отсутна од ТВ-екранот, Кристијан Аманпур пред две недели од Лондон, каде што живее, на почетокот на својата емисија на Си-ен-ен Интернационал, им се обрати на гледачите да ги информира дека ѝ е дијагностициран рак на јајчници. Репортерката наведе дека веќе успешно се оперирала, а дека сега ја очекува неколкумесечна хемотерапија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christiane Amanpour (@camanpour)


Имав голем оперативен зафат за да се отстрани ракот и сега ме чекаат неколку месеци хемотерапија за да имам најдобра можна долгорочна прогноза, и јас имам самодоверба. Едуцирајте се за оваа болест, секогаш слушајте го своето тело и инсистираjте вашите легитимни здравствени проблеми да не бидат игнорирани или намалени – им рекла 63-годишната Аманпур на гледачите на почетокот на ТВ,програмата.

Славната телевизиска репортерка одлучила целосно да биде отворена околу својата здравствена состојба, со цел да ги поттикне жените редовно да одат на прегледи бидејќи шансите за лекување се поголеми, колку што порано ќе се открие болеста.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christiane Amanpour (@camanpour)


Прогнозата е добра и убедена сум дека ќе ја победам болеста – им рекла Аманпур на гледачите, нагласувајќи дека е среќна што има здравствено осигурување и дека на располагање ѝ се неверојатни лекари во склоп на британскиот национален здравствен систем.

Прекалената новинарка на својата болест ѝ ги посветила само првите неколку минути од емисијата, а потоа ѝ се вратила на работата со која со посветеност и страст се занимава речиси 40 години.

Тоа беа моите вести. А, сега преминуваме на другите, рекла Аманпур.

Вистинска ТВ-sвезда, Аманпур пред камерите зрачи со некоја необична мешавина на авторитет, сериозност и сочувство, а од почетокот отскокнувала од толпата поради нејзиниот егзотичен изглед и изразениот британски акцент.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Christiane Amanpour (@camanpour)


Може да се каже дека не постои критична точка на планетата од каде што не известувала во живо од теренот. Се зборува дека во Пентагон направиле посебна мапа на која го следеле нејзиното движење, тврдејќи само напола во шега дека според неа може да се одреди каде во светот ќе избие конфликт, бидејќи се чини дека таа тоа го знае однапред. Поради својата храброст и исклучителна способност да известува во живо од самото место, без претходно подготвен и напишан текст, стекнала исклучителна репутација меѓу колегите, а нејзиното лице стана познато за гледачите ширум светот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот