Фото: KK PODGORICA

Најмладиот од браќата Адетокумбо ќе игра против Пелистер во АБА 2 лигата

Најмладиот од браќата Адетокумбо, Алекс ќе игра во АБА 2 лигата. Тој потпиша договор со екипата на Подгорица која е во иста група со битолски Пелистер.

Во минатата сезона Адетокумбо играше во Литванија во тимот на Мажекаи каде што на 12 натпревари оствари просек од 8.3 поени по натпревар.

Низ кариерата беше дел од НБА летната лига за Сакраменто и Торонто, а подоцна го носеше дресот на Мурсија од Шпанија.

Ќе потсетиме, покрај Пелистер во АБА 2 лигата ќе играат МЗТ Скопје и Работнички, но тие се во другата група.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот