Најмалку шест жртви во бомбашки напад на антиизраелски протест во Пакистан

Нападот се случил во Чаман, далечен град во нестабилната провинција Балучистан, кој се граничи со Авганистан, изјави за ДПА полицискиот претставник Кан Мохамед.
Најмалку шест лица загинаа е десетина се повредени во напад со бомба на собир во југозападен Пакистан што го организирала религиозна група со цел осуда на израелската воена кампања во Газа, соопшти локалната полиција.
Нападот се случил во Чаман, далечен град во нестабилната провинција Балучистан, кој се граничи со Авганистан, изјави за ДПА полицискиот претставник Кан Мохамед.
– Очигледно целта на бомбата беше влијателен локален свештеник кој го водеше собирот, рече Мохамед.
Свештеникот, Малана Абдул Кадир Лони, е сериозно повреден во бомбардирањето и се лекува во болницата во областа Чаман, рече Усман Ахмед, локален лекар.
Најмалку 12 други повредени лица се пренесени во истата болница.
Собирот во Чаман е еден од многуте што се одржуваат денеска низ Пакистан со цел осуда на Израел.
Засега никој нема преземено одговорност за нападот.