Напад врз Харков/Фото: EPA-EFE/SERGEY KOZLOV 56092

Најмалку петмина загинати во руските напади во Донецк и Харков

Најмалку пет лица загинаа во руските воздушни напади во источна Украина во понеделник, соопштија локалните власти.

Вадим Филашкин, гувернерот на регионот Донецк, во објава на платформата Телеграм изјави дека едно лице е убиено, а две се ранети во Краматорск, стратешки важен град кој е цел на руските сили. Две лица загинаа, а три се ранети во претходно гранатирање на градот Илиновка.

Во регионот Харков, подалеку на север, обвинителите соопштија дека две жени биле убиени во село јужно од градот Купјанск, кој со месеци е под опсада. Градоначалникот на Купјанск минатиот месец изјави дека 90% од градот е уништен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот