Најмалку 18 цивили загинаа откако два автобуса нагазиле на мини во сириската провинција Хама

Најмалку 18 цивили загинаа кога два автобуса нагазија на мини во близина на градот Саламис, во сириската провинција Хама, јави телевизијата „Ел Ихбарија”.

Во двете несреќи неколку лица се здобиле со сериозни повреди, јави Тасс.

Според првичните информации од истрагата, мините биле поставени од припадници на таканаречената Исламска држава.

На 24 февруари, сириската армија го одби нападот на Исламската држава во сириската пустина, при што загинаа девет војници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот