Гласачко место ОУ.„Коле Неделковски“ во Центар / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Најмал одзив досега – повеќе од половината граѓани не излегуваат да гласаат

Одѕивот на изборите за градоначалници и советници за првпат нема да надмине 50 проценти во првиот круг, покажуваат податоците на Државната изборна комисија (ДИК). Излезеноста во првиот круг на осмите локални избори, од независноста досега, најверојатно ќе биде најмала досега со 48,29% според обработени 99,94% избирачи од 3.472 избирачки места од вкупно 3.474.

Најголема излезност во првиот круг на изборите за градоначалници во земјава имало на Локалните избори во 2013 година – 67 отсто, по што е во постојан пад, на 60 отсто во 2017 и 50,57% на Локалните избори во 2021 година.

Излезеноста во вториот круг на локалните избори генерално е секогаш помала, споредено со првиот круг.

На овие избори во три општини не беше постигнат потребниот цензус од над една третина од запишаните избирачи и тоа во Центар Жупа, Маврово и Ростуше и Врапчиште.

Ова беа четврти локални избори на кои се избираа градоначалници и советнички листи во 80 општини и Градот Скопје. Имаше вкупно 309 кандидати за градоначалници, што беше зголемување од 10 кандидати споредено со тие во 2021, кога имало 299. Најмногу кандидати за градоначалници – 683 имало на првите локални избори во 1996 година, а најмалку на локалните избори 2017 година – 257 кандидати за градоначалници. Бројот на кандидати за градоначалници се движи од 323 во 2000 година, 350 во 2013, 364 во 2009 и 379 на изборите во 2005 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот