профимедиа

Најголемата мистерија во Холивуд: Најпознатиот човек на светот бил обвинет за ненадејната смрт на холивудската дива! (ФОТО)

Доколку сте обожавател на стариот Холивуд и специфичниот хумор од почетокот на 20-те години од минатиот век, голема е веројатноста дека сте слушнале за Роско Арбакл кој бил најпознат по надимакот Фети (анг. Дебелко). Во прашање е актер и комичар кој некое време бил дури и ментор на Чарли Чаплин, открил големи филмски имиња, бил пионир на комедијата, а во 1921 година и најплатениот актер на планетата. Истата година неговата кариера била завршена и репутацијата засекогаш нарушена, а многумина и денес го споредуваат додека споредуваат за озогласениот холивудски продуцент Харви Вајнстајн, кој десетина жени го обвинија за сексуално вознемирување и неколку за силување.

профимедиа

Од друга страна пак Вирџинија Репе немала толку безгрижен живот. Немала многу среќа – била родена како вонбрачно дете отфрлено од страна на таткото, мајка ѝ починала кога Вирџинија имала само 11 години, се преселила кај баба ѝ во друг град, пред 16-годишна возраст абортирала два пати, а подоцна родила вонбрачно дете кое го дала на посвојување. Во наредните години, среќата конечно ѝ се насмевнала. Започнала да гради манекенска кариера, а се воспоставило и дека е талентирана актерка, па заиграла во неколку многу успешни филмови. Најмногу внимание привлекла во „Over the Rhine“, каде играла, до тогаш најпознатиот Рудолф Валентин, а подоцна била и прогласена за „најдобро облечена девојка во филмовите“. Тоа бил пресврт за Вирџинија и таа започнала да добива нови улоги, а почнала и врска со продуцентот Хенри Лерман, кој значително ѝ помогнал во кариерата.

профимедиа

Патовите на Роско Фети Арбакл и Вирџинија Репе се вкрстиле во 1917 година на снимањето на филмот „His Wedding Night“, а клучната средба се случила на 5 септември 1921 година, кога најпознатиот комичар на светот организирал забава во соба број 1219 во хотелот St. Francis во Сан Франциско. На забавата присуствувале неколку убавици, помеѓу кои се нашла и младата манекенка и актерка Вирџинија Репе. Во еден момент од вечерта неа ѝ се слошило и веднаш бил повикан хотелскиот лекар, кој утврдил дека 30-годишната девојка добила труење од алкохол, па и бил препишан морфиум за да се ослободи од болките и ѝ било препорачано да лежи дома.

Два дена подоцна, Вирџинија била хоспитализирана, а нејзината пријателка Бамбина Мод Делмонт им рекла на лекарите дека Арбакл ја силувал Репе. Сепак, прегледот не укажач на силување, а Вирџинија починала два дена подоцна. Аутопсијата покажала дека причина за смртта била компликација наречена напукнување на бешиката.

Следеле бројни шпекулации – се верувало дека починала како последица на нелегален абортус, како и дека за се е крив, исто така и забранет, алкохолот кој ја влошил веќе лошата здравствена состојба на актерката. Меѓутоа, надлежните сериозно ги сфатиле тврдењата на нејзината пријателка, а јавниот обвинител Мерју Брејди кој имал и политички амбиции и се надевал дека случајот на починатата холивудска убавица ќе му донесе дополнителни поени, бил немилосрден. Роско Арбакл набрзо бил уапсен поради убиство, а пуштен да се брани со слобода откако три недели подоцна ја платил кауцијата. Следела медиумска хистерија, сензационалистички наслови, шокантни насловни страни и бес на американската јавност која била остро поделена на оние кои веруваат дека Арбакл е невин и на оние кои барале најстрога казна и го нарекувале монструм.

инстаграм

Судењето, очекувано, било јавно следено, а првиот и вториот процес биле поништени, додека во третиот после само шест минути сослушување – било одлучено дека Арбакл е невин.Сепак, тој више никогаш не можел да ја врати старата слава бидејќи холивудските студија го ставиле на неофицијалната „црна листа“.

инстаграм

Трагичната судбина на Вирџинија Репе останала еден од најпотресните и најголемите скандали во историјата на Холивуд, но и една од најголемите мистерии за кои се пишувале бројни книги, а конечен одговор на прашањето за нејзината смрт се уште нема.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот