Најголем пад на животниот век во САД по Втората светска војна

Стејт Департментот на САД
Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

Животниот век во САД во 2020 година се намали за 1,5 година, што е најголем пад од Втората светска војна, соопштија американските здравствени власти.

Податоците од Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) покажуваат дека просечниот животен век на Американците минатата година се намалил од 78,8 години на 77,3 години.

Главна причина за намалувањето на животниот век на Американците, според истражувачите, е пандемијата со Ковид-19, како и рекордно високата смртност од дрога.

Извештајот на Националниот центар за здравствена статистика откри дека вкупната просечна возраст од 77,3 години е најниска од 2003 година. Официјалните лица минатата недела објавија дека смртноста од предозирање со дрога е зголемена за речиси 30 проценти во 2020 година, достигнувајќи рекордна бројка од над 93.000 луѓе.

Во САД повторно е забележан раст на новоинфицирани со Ковид-19. Бројот на хоспитализирани исто така се зголемува, а дневниот број на смртни случаи е речиси 50 проценти поголем од минатата недела. Повеќе од 600.000 Американци починаа од почетокот на пандемијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот