Најглупавиот крал во историјата на човештвото конечно е поразен

Ненад Јовановиќ. / Фото: Архива

Според книгата на Вулф, Трамп е душевно болен, има рани знаци на деменција или дека е целосно сенилен, дека нема појма од ништо. Ништо не чита и никогаш нема ништо прочитано. Не е во состојба да прочита подолга реченица или подолг текст од еден твит.

Книгата „Оган и бес: одвнатре во Трамповата Бела куќа“ (Fire and Fury: Inside the Trump White House), која е бестселер број еден во Америка, на новинарот Мајкл Вулф, кој шест месеци живееше во Белата куќа и ги бележеше сите детали: како живеат, што јадат, каде спијат, како се расправаат, а понекогаш како по малку и работат. Постои и филм „The Post“ (2017) на Стивен Спилберг, приказна која може да се поврзе со скандалот во Вашингтон, приказна која се занимава со познатите „Пентагон пејперс“, тајни документи за вистината на војната во Виетнам, кои стигнаа во јавноста пред приближно 45 години. Вистина која четворица претседатели на Америка ја криеја од јавноста, од Конгресот и од Сенатот. Благодарение на „Њујорк тајмс“ и на „Вашингтон пост“, а потоа и на сите други, повикувајќи се на најважниот, првиот амандман во Уставот – слободата на говор – на јавноста и беше прикажана вистинската вистина за таа страшна војна. Со објавувањето на овие „Пентагон пејперс“ тргна рушењето на Ричард Никсон, за потоа „Вашингтон пост“ да го дотепа со познатата афера „Вотергејт“.

Четворица претседатели на САД се занимаваа со заташкување на „Пентагон пејперс“, но аферите избија токму во мандатот на Никсон. Тој се обидуваше да ги цензурира, да го запира – барем за кратко – печатењето на тие документи, се додека Уставниот суд, најважната институција и најголемата оставнина на САД, пресуди дека првиот амандман е поважен од што било и од кого било, што значи дека граѓаните имаат право слободно да се изразуваат и да ја дознаат целата вистина, така што Уставниот суд со таквиот гест ги заштити медиумите.

Начинот на кој во тоа време се водеше „конечната војна“ помеѓу Никсон и медиумите, посебно либералните, е слика на четирите години владеење на Доналд Трамп. Оние што го следеа неговото владеење со Америка, знаат дека целиот мандат беше војна на Трамп со медиумите.

Во книгата „Fire and Fury“, може да се прочита дека Трамп се обидува да го прави истото што го правеше Никсон со „Пентагон пејперс“ – да го цензурира и да го спречи издавањето на книгата, токму во оној момент кога разбира дека таа ќе излезе во јавноста, откако некои фрагменти беа објавени во медиумите. Ама бидејќи беше глупав како магаренце, тој успеа да го забрза објавувањето – благодарение на првиот амандман – така што наместо на деветти, книгата излезе на 2 јануари 2018 година.

Веднаш да кажам дека сум против Трамп и не случајно се реферирам на оваа книга која претставува многу важен документ. Немам сомнеж дека во оваа книга е напишана на таблоиден начин, ама сепак: озборувања се напишани во целата светска историја. Поточно, целата „приватна историја на владетелите се озборувања “. Таа динамика на семејството Трамп во Белата куќа, сепак е важна и интересна. Најгротескен дел од книгата ми беше плачењето на Меланија; оваа жена за мене е најфасцинантна бидејќи воопшто не можам да ја разберам. Освен на некое површно ниво: таа е глупава расистка, парољупка, омажена за богаташ и моќен човек. Интересно кај Меланија е начинот на кој зборува, на кој чита бајки за деца. Сакам да кажам дека таа гласовна и телесна игра на Меланија е до таа мера фејк, лажна, ексцес, а се труди да е автентична. Исто така и нејзиниот акцент е лажен, такаречи одвратен – тоа се некои фасцинантни точки за мене кај Меланија. Таа за мене е политичка Парис Хилтон, која е исто така политички проект.

Без разлика колку Трамп ми е мрачен и одвратен, за мене Меланија е многу поинтересна, отколку самиот претседател. Преку неа јасно се гледа таа нивна политичка неспремност и ранливост. Според книгата на Вулф, претседателот е душевно болен, има рани знаци на деменција или дека е целосно сенилен. Вулф ни опишува детаљ кој сите го знаевме цело време: Трамп нема поим од ништо. Буквално. Ништо не чита и никогаш нема ништо прочитано. Не е во состојба да прочита подолга реченица или подолг текст од еден твит. Секој брифинг луѓето од неговиот тим мора да му го опишуваат во слики затоа што нема шанса да прочита било кој важен документ, и дека најголемото време го минува на телефон прераскажувајќи ги приказните од Белата куќа со луѓе кои немаат никаков „секјурити клиренс“.

Кога се доселиле во Белата куќа, Трамп имал своја спална соба, па барал да се затвори однатре, а кога обезбедувањето му рекло не може, поставил брава. Во кревет легнувал околу 18.30 часот, не за да спие туку за да гледа телевизија на три големи екрани, да гледа колку го фалат медиумите, да јаде хамбургери, а бил опседнат и со тоа дека некој сака да го отруе. Доналд Трамп е мека верзија на кралот Лир. Дури може слободно да кажам: најглупавиот крал во историјата на сите кралеви. Едноставно, нема поим со ништо во животот.

На крајот, бидејќи ми недостигаат карактери: Стив Бенон го произведе овој монструм-расист. Имаше стотици милиони долари за пропаганда на своите мрежи. Бенон е најголемиот идеолог на најголемата брука и несреќа што можеше да и се случи на Америка. Фала му на Бога, најопасниот човек конечно е поразен. Поразен е најглупавиот, најсмешниот и најопасниот крал во историјата на човештвото. Амин!

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот