Плажа Ентони Квин Беј на Родос, Грција/Фото: Wikimedia Commons

Најевтините плажи во Европа ова лето ни се во соседството — на врвот е една во Грција

Експертите за аеродромски трансфери од компанијата „Хопа“ ги анализирале европските туристички места, оценувајќи ги според повеќе фактори, меѓу кои и просечната цена на хотелите со три ѕвезди, со цел да ги утврдат најприфатливите плажи за одмор, пишува „Дејли мејл“.

1. Фалираки, Родос (Грција) – околу 41,5 евра по ноќевање
2. Кашјуни, Сплит (Хрватска) – околу 65 евра по ноќевање
3. Бачвице, Сплит (Хрватска) – околу 65 евра по ноќевање
4. Праја де Фаро (Португалија) – околу 68 евра по ноќевање
5. Праја да Роша, Алгарве (Португалија) – околу 68 евра по ноќевање
6. Коловаре, близу Задар (Хрватска)
7. Агиа Марина, Крит (Грција)
8. Платанијас, Крит (Грција)
9. Миртос, Кефалонија (Грција)
10. Праја да Фалезија (Португалија)
11. Тамариз (Португалија)

На првото место на листата на најдостапни дестинации за летување на плажа се најде Фалираки на островот Родос во Грција, каде просечната цена за ноќевање во хотел изнесува околу 41,5 евра.

Фалираки, Родос (Грција) – Фото: Wikimedia Commons

Освен што е поволна, оваа дестинација се издвојува и по одличните временски услови – во летниот период нема врнежи, што ја прави идеален избор за оние кои бараат сигурно сонце. Просечната температура изнесува 25,7 степени Целзиусови. Плажата Фалираки, сместена на североисточниот брег на островот Родос, е добро уредена за посетителите и лесно достапна.

Второто место го делат две плажи во Хрватска, и двете во Сплит – Кашјуни и Бачвице, каде цените на хотелите започнуваат од околу 65 евра по ноќевање.

Овие дестинации нудат речиси 13 часа сонце дневно во текот на летото, што ги прави идеални за долги денови поминати на плажа.

Меѓу првите пет се наоѓаат и две плажи во Португалија – Праја де Фаро и Праја да Роша во регионот Алгарве, каде сместување во хотел може да се најде од околу 68 евра по ноќ.

Потоа следуваат плажата Коловаре во близина на Задар во Хрватска, плажите Агиа Марина и Платанијас на островот Крит во Грција, плажата Миртос на Кефалонија, како и уште две португалски плажи – Праја да Фалезија и Тамариз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот