Најбрзите голови во историјата на Европските првенства

EPA-EFE/Piotr Nowak

Најбрзиот гол во историјата на Европските првенства е дело на рускиот фудбалер Димитриј Кириченко. На Кириченко му беа потребни само 67 секунди за да и донесе водство на Русија на дуелот против Грција на ЕП 2004 година.

Фото: Димитриј Кириченко/EPA/SRDJAN SUKI

Машината за голови на Баерн Минхен и на полската репрезентација, Роберт Левандовски, на ЕП 2016 година не беше во препознатливата форма, но успеа да го пробие ледот. Левандовски не постигна гол на првите четири натпревари, за во петтиот натпревар во 100 секунда и даде гол на Португалија во четвртфиналето. Сепак, голот на Левандовски не беше доволен за триумф, Португалија славеше по подобро изведување на пенали, а подоцна стана и европски шампион.

Точно две минути му бвеа потребни на ирскиот репрезентативец Роби Брејди да и донесе предност на својата селекција против Франција на ЕП 2016 година. Ова воедно е најбрз гол од пенал во истријата на ЕП. Сепак, на крајот Франција успеа да направи предност и да победи со 2:1.
Сергеј Алејников на Европското првенство 1988 година во 127 секунда го постигна голот кој го турна тогашниот СССР кон полуфиналето. СССР славеше со 3:1,а резултатот го отвори токму Алејников по само нешто повеќе од две минути игра.
Првата победа на селекцијата на Чешка на ЕП 2012 година ја најави Петр Јирачек. Чесите поведоа по само 134 секунди игра и тоа откако Хубшман одлично го проигра Јирачек во шеснаесетникот на Грција кој пак беш проблеми ја затресе мрежата. На крајот Чешка слевеше со 2:1.

На Англија не и помагаат ниту раните голови во дуелите со Германија, а доказ за тоа е Европското првенство 1996 година. Тогаш Алан Ширер во 134 секунда од натпреварот постигна гол, но подоцна Германија израмни и по подобро изведување на пенали, обезбеди пласман во финалето на ЕП.
Англија и во 2004 година во четвртфиналето со Португалија поведе во воведните минути. Мајкл Овен по нешто помалку од две и пол минути игра погоди за 1:0 за Англија, но на крајот Португалија по подобро изведување на пеналите, се пласира во полуфиналето.
Натпреварот на ЕП 1996 година помеѓу Бугарија и Романија заврши со минимален триумф на Бугарите. Единствениот гол го постигна Христо Стоичков и тоа по само 147 секунди игра.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот