Најбаран криминалец од Интерпол уапсен во Скопје

Плоштад „Македонија“ во Скопје
Плоштад „Македонија“ во Скопје / Фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Вчера во 12 часот на подрачјето на Центар полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Скопје го привеле П.И.М.(63) од Р.Бугарија, кој се барал со меѓународна потерница од Интерпол Софија.

П.И.М. е осуден на казна затвор во траење од 14 години за кривично дело силување и противправно лишување од слобода и се наоѓа на листата на најбарани криминалци на Интерпол.

Од страна на судија на претходна постапка му е одреден екстрадициски притвор во траење од 30 дена и спроведено во КПУ Затвор Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот