Нафтата не била поевтина од мај
Цените на нафтата денеска паднаа за два проценти — Брентот на 62 долари за барел, а американската сурова нафта WTI на околу 58,3 долари за барел — што е најниското ниво во последните пет месеци.
Препорачано
Најмногу влијание имаше информацијата дека Меѓународната енергетска агенција ја зголемила прогнозата за растот на понудата, пренесува „Оил прајсес“.
ИЕА го зголеми овој износ на три милиони барели дневно за оваа година и 2,4 милиони барели дневно за 2026 година.
Тоа е оправдано со зголемената продукција на земјите од ОПЕК плус, а слично важи и за САД.
Меѓутоа, агенцијата ја намали проценката за растот на побарувачката на околу 700.000 барели дневно за двете години.
ИЕА предупреди дека глобалните резерви веројатно ќе растат бидејќи големи испораки на сурова нафта ќе пристигнуваат до клучни центри — што веќе е видливо во Кина и САД.
Во својот месечен извештај, ОПЕК понедељникот соопшти дека глобалната побарувачка ќе се зголеми за 1,3 милиони барели дневно оваа година и 1,4 милиони за 2026 година — што е пооптимистичка прогноза.
Во меѓувреме, обновените трговски тензии меѓу САД и Кина, и расположението на пазарите, го зголемија притисокот за продажба.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


