Надал се откажува: Ѓоковиќ и шеста година најдобар тенисер на светот!

Рафаел Надал на некој начин му е жал за Новак Ѓоковиќ/Фото: EPA-EFE/JULIEN DE ROSA

Рафаел Надал ја одбил специјалната покана за учество на турнирот во Софија (Бугарија), што значи дека Новак Ѓоковиќ ќе остане прв тенисер во светот на крајот од календарската година.

На шпанскиот тенисер му беше понудено да игра во главниот бугарски град, а со неговото појавување на тоа натпреварување и евентуалното освојување на трофејот, ќе останеше во трката за врвот со Србинот.

Организаторите на турнирот во Софија го поканија Надал да биде дел од групата играчи кои го потврдија своето учество, а засега има 17 имиња.

Остануваат девет дена до почетокот на ова натпреварување и според најавите Шпанецот нема да се најде во главната ждрепка.

Ова значи дека Новак официјално ќе остане најдобриот играч на светот на крајот на годината, што ќе биде шеста ваква титула во неговата богата кариера.

Така ќе се изедначи со неговиот идол, Пит Сампрас, а патот до тоа ќе биде завршен доколку го освои трофејот во Виена, Австрија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот