Надал сака да ја прекине доминацијата на Ѓоковиќ

фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Рафаел Надал ги започна подготовките за продолжение на сезоната кога продолжува во САД и Канада, а првиот турнир на кој ќе настапи ќе биде Мастерсот во Торонто кој ќе треба да претставува загревање пред настапот на УС Опен.

Целта на Надал е да ја прекине доминацијата на Новак Ѓоковиќ, односно да триумфира на УС Опен и да го спречи српскиот тенисер да ги освои сите четири грен слем турнири во една година, и во исто време повторно да биде пред него по бројот на освоени грен слем титули.

– Многу сум среќен што се враќам во Канада и ќе играм во Торонто. Ова е фантастичен турнир на кој имав неколку неверојатни мечеви. Искрено, го освоив турнирот кога последен пат играв тука и би сакал да ја одбранам титулата и повторно да бидам со своите навивачи од Канада – изјави Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот