Над милион желки во последниве 30 години нелегално се убиени низ морињата во светот

желка

Над 1,1 милион желки кои живеат во морињата се нелегално убиени во изминатите 30 години, се наведува во една нова студија, која ја објави Гардијан.

И покрај законите за нивна заштита, научниците од Државниот универзитет во Аризона проценуваат дека околу 44.000 желки во 65 земји биле нелегално убивани и експлоатирани секоја година во изминатата деценија.

Џеси Сенко, асистент на Државниот универзитет во Аризона и еден од водечките автори на студијата вели:

„Бројките се навистина високи, но и не доволно прецизни, сметаме дека овој број е многу повисок, бидејќи едноставно многу е тешко да се процени каков било вид на нелегална активност“.

Желките кои живеат во морињата се ловат за храна, за употреба во традиционалната медицина и за продажба како артефакти, декор или накит. Според ОН, ловот и трговијата со желки е дел од глобалниот нелегален пазар на диви животни вреден дури 23 милијарди долари годишно.

Во студијата се наведува дека 43.000 желки биле дел од нелегална трговија помеѓу 1990 и 2010 година, иако веруваат дека ова е веројатно огромно потценување на точниот број, рече Сенко.

Југоисточна Азија и Мадагаскар се жаришта за лов на овие желки, се вели во извештајот објавен во списанието Глобал Чејнџ Биолоџи.

Виетнам е местото каде што започнува најголемиот дел од нелегалната трговија со желки, а Кина и Јапонија се најпопуларните пазари за нелегални производи од желки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот