Над десет илјади ученици се запишаа во средните стручни училишта, 4.603 се одлучија за гимназии
Оваа година, според податоците од Министерството за образование и наука, во средните училишта во земјава во првиот и вториот уписен рок во јуни запишани се вкупно 15.481 ученик.
Препорачано
Најпривлечни за учениците оваа година се средните стручни училишта каде се запишале речиси две третини или 10.277 ученици, додека во гимназиите се запишани 4.603. Во уметничко образование запишани се 187, а во спортската гимназија 414 ученици.
Од вкупниот број запишани ученици, настава на македонски јазик ќе следат 11.325 ученици, на албански 3.852, на турски 298, а на српски шест ученици.
-Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок соопштија од МОН.
Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до полноќ.
Од скопските гимназии, во првиот и вториот уписен рок местата целосно се пополниле само во „Никола Карев“ и „Георги Димитров“, додека гимназиите „Орце Николов“, „Јосип Броз Тито“ и „Раде Јовчевски-Корчагин“ не се наполнија ниту во вториот уписен рок.


