Гласачко место ОУ.„Коле Неделковски“ во Центар / Фото: Слободан Ѓуриќ - Слободен печат

Над 90 отсто од капацитетите на МВР ги обезбедуваат изборите

Над 90 проценти од капацитетите на Министерството за внатрешни работи се ангажирани за обезбедување на Локалните избори, со засилено присуство на терен, особено околу „жешките точки“ каде што се очекува поголема фреквенција на граѓани, соопшти министерот Панче Тошковски.

Во врска со изборниот молк, Тошковски посочи дека вчера биле евидентирани четири настани со потенцијални прекршувања, за кои се преземаат соодветни истражни дејствија.

-Очекувам денот да продолжи во мирна и демократска атмосфера и ги повикувам сите граѓани да го искористат своето право на глас и да ја дефинираат иднината на своите локални заедници, порача министерот.

Тој информираше дека гласањето е започнато на сите избирачки места, вклучително и во едно мало село во општина Прилеп каде што имало кратко доцнење.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот