Над 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се позитивни на Ковид-19

Од почетокот на пандемијата на Ковид-19, повеќе од 1.200 студенти на Универзитетот во Алабама се заразени со коронавирусот.

Само од 25 август, Ковид-19 е дијагностициран кај 481 студент. Учебната година почна на 19 август, потсетува Би-Би-Си.

Од Универзитетот изјавија дека ниту еден од заразените студенти не биле хоспитализирани како последица од Ковид-19.

За да се спречи ширењето на коронавирусот, претседателот на Универзитетот Алабама Стјуарт Бел преку писмо апелираше да се носат маски и да се држи социјална дистанца, во и надвор од кампусот.

„Во овие тешки времиња, мораме да бидеме обединети и целосно посветени во нашата борба против Ковид-19. Верувам дека ќе бидеме успешни овој семестар и сите сакаме да останеме на кампус низ целата есен, но тоа можеме да го направиме само со вашата помош“, рече Бел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот