На тројца студенти од Србија им е укинат куќниот притвор – на двајца им е симната електронската алка
Тие се обвинети за подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста и повикување на насилна промена на уставниот поредок.
Студентите од Крагуевац и од Ниш, Лука Стевановиќ и Димитрије Димиќ, кои се обвинети за кривични дела: подготовка на дела против уставниот поредок и безбедноста и повикување на насилна промена на уставниот поредок, денеска беа ослободени од домашен притвор и им беа симнати електронските алки, за електорнски мониторинг.
Препорачано
На студентот по економија Лука Стевановиќ денеска му била симната електронската алка и бил демонтиран уредот за следење во семејната куќа во населбата Станово во Крагуевац, каде што Лука беше во домашен притвор од 29 јули. Според зборовите на неговиот адвокат Александар Радојчиќ, тој од денеска може слободно да се движи и ќе ја брани својата слобода во понатамошниот процес, пишува Данас.
Укинат е домашниот притвор и за студентката Марија Васиќ, која исто така е обвинета за наводно подготвување државен удар пред протестите во Белград на 15 март.
Судењето на 12 студенти од Нови Сад и активисти на групите Став и Движењето на слободни граѓани од Нови Сад е закажано за 24 ноември оваа година, од кои шестмина се во затвор и о вдомашен притвор од 14 март, а шестмина се во егзил.
Тие се обвинети за кривично дело подготовка на дело против уставниот поредок и безбедноста на Србија, во врска со повикување на насилна промена на уставниот поредок, врз основа на, како што тврдат нивните адвокати на одбраната, нелегално прислушување на разговори.


