На славната пејачка двете сестри ѝ починаа од рак, со само еден ден разлика
Пејачката Карли Сајмон, најпозната по хитот „You’re So Vain“, тагува за смртта на своите две сестри, кои починаа од рак во растојание од само еден.
Препорачано
View this post on Instagram
Луси Сајмон, композиторка на Бродвеј, номинирана за наградата Тони, почина од рак на дојка во четвртокот на 82-годишна возраст, додека Џоана Сајмон, оперска пејачка, почина од рак на тироидната жлезда во средата на 85-годишна возраст, пишува „Дедлајн“. Нивниот најмлад брат Питер Сајмон, долгогодишен фотограф на „Мартас Вињард“, почина во 2018 година на 71-годишна возраст, откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.
„Полна сум со тага поради тоа што зборувам за смртта на Џоана и Луси Сајмон. Нивната загуба ќе биде долга и прогонувачка. Колку и да е тажен овој ден, невозможно е да ги оплакуваме без да ги славиме неверојатните животи што ги живееја“, рекла Карли во изјава за „Фокс њуз дигитал“.
View this post on Instagram
Луси ја започнала својата музичка кариера кога раните 1960-ти со Карли го формирала фолк дуото „Сестрите Сajмон“. Откако ја објавиле песната „Wynken, Blynken & Nod“ во 1964 година, Луси продолжила да посетува училиште за медицински сестри и се омажила за Дејвид Левин во 1967 година. Тие имаат две деца, Џејми и Џули.
Луси подоцна се вратила во музичката индустрија во доцните 70-ти, а парот потоа продолжил да продуцира два детски албуми наградени со Греми во 80-тите – „In Harmony“ и „In Harmony 2“. Таа, исто така, постигнала соло успех кога станала трета композиторка на Бродвеј. Нејзината музика за „Тајната градина“ во 1991 година била номинирана за награда Тони.
Џоана, исто така, ја започнала својата кариера во 60-тите години, дебитирајќи во „Фигаро“ на Моцарт во Њујоршката опера во 1962 година. Во текот на својата кариера, мецосопранистката настапувала во операта во Сиетл и со њујоршката филхармонија, виенската филхармонија и симфонискиот оркестар од Питсбург.
Таа била во брак со Џералд Вокер од 1976 година до неговата смрт во 2004 година. Џоана била и со водителот на вести Волтер Кронкајт во последните месеци пред неговата смрт во 2019 година.


