На Шилегов Скопје не му личи на депонија

Фото: European Union/Fred Guerdin/Слободен печат

Депонии во Ново Село, Визбегово, Горно Лисиче, Карпош, Злокуќани, Вардариште, а на градоначалникот Петре Шилегов Скопје не му личи на депонија. Тој денеска, на прашање на „Слободен печат“, до кога ќе се толерира недозволено фрлање отпад на диви депонии, одговори дека ќе треба да почекаме да почне со работа комуналната полиција која ќе има можност да ги казнува сторителите.

Мрши од умрени животни и долна облека расфрлени низ Скопје (ВИДЕО)

– Не постои некој што загадува, загадуваме сите. Инспекцискиот надзор е значително подобрен, и зачестено се изрекуваат казни. Наскоро ќе бидат изготвени и измени во правилникот за комунален ред, што ќе овозможи и присуство на комуналната полиција. Има место за оптимизам, но не е лесно да се избориме со сите причинители на загадувањето – рече Шилегов, додавајќи дека не смета дека дал преголеми ветувања во предизборната кампања кои сега не може да ги исполни.

Тој исто така ги повика и општините посериозно да се фатат за работа и да ги расчистат дивите депонии на нивна територија.

– До сега се исчистени 320 диви депонии. Општините треба сериозно да почнат да се занимаваат со овој проблем. И тоа не само општините кои административно припаѓаат на Град Скопје. Ги повикувам и градоначалниците на Арачиново, Чучер Сандево, Сопиште, Илинден и Петровец да дадат придонес во надминувањето на овој проблем, бидејќи воздухот не познава граници, па така загадениот воздух од овие општини чии домаќинства најмногу загадуваат, доаѓа и во Скопје – додаде Шилегов.

ДЕПОНИЈА КАЈ ПЕШАЧКИОТ МОСТ НА ВАРДАР ВО ЗЛОКУЌАНИ: Надлежните не можеле да видат кој фрла ѓубре

Во насока на справување со отпадот, од денеска започнува и едукативна кампања во соработка со ЈП Водовод и канализација преку која на граѓаните, во сметките за вода им се објаснува како правилно да го слектираат отпадот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот