Фото: Фејсбук, Пожарникари Струмица

На регионалниот пат Струмица-Радовиш утрово се запали цистерна, интервенираа шест пожарникари

На регионалниот пат Струмица-Радовиш утрово се запали цистерна  која превезувала дизел гориво. Како што информираат од Противпожарната служба во Струмица, во интервенцијата учествувале две ПП возила и шест пожарникари.

Благодарение на брзата интервенција пожарот е навремено локализиран и ликвидиран, велат тие.

Од АМСМ претходно соопштија дека поради опожарената цистерна патот бил затворен за сообраќај до 10:37 часот.

Во пожарот бил зафатен задниот дел на камионот, кај гумата соопштија од Центарот за управување со кризи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот