Откачете ги досадните комарци на природен начин: 6 растенија кои ги одбиваат

Фото: Пекселс/ cottonbro-studio

Доколку не сакате да користите хемикалии против комарци, овие 6 растенија се природни алтернативи, пишува српски „Нејшнал џеографик“.

Претходните денови, веќе со првиот самрак, надвор настанува терор, кој доколку не сте добро опремени, односно намачкани со некој репелент (средство против комарци), може да се претвори во многу непријатна ситуација. Да, зборуваме за проблемот со комарците.

Повеќедневните дождови во комбинација со неможноста за прскање на овие крвопијци доведуваат до ситуација да има роеви од нив на секој агол.

Некои ќе се одлучат за електрични уреди со таблети или течност против комарци. Но, ако имате градина или дури и тераса, можеби не е лошо прво да пробате поприродна верзија, без штетни последици по здравјето. Растенијата наведени подолу не само што ги одбиваат комарците, туку и го разубавуваат просторот околу вас:

1. Лаванда
Виолетовите цветови на ова растение испуштаат силен мирис од средината на јуни до крајот на август. Иако на многу луѓе им е исклучително релаксирачко, вистината е дека инсектите го избегнуваат.

Покрај тоа што ова растение ќе го украси секој агол од вашиот двор или тераса и ќе придонесе за медитерански шарм, можете да го искористите и со сушење на неговите цветови и ставање во платнени кеси кои можете да ги закачите во плакарот или да ги ставите во спална соба до креветот за да ги оддалечи комарците кои ве вознемируваат додека спиете.

Фото: Пекселс/ pixabay

2. Рузмарин
Кога станува збор за практичната употреба на рузмаринот, првата асоцијација е неговата употреба во кујната, како зачин за јадења. Токму оваа арома е непријатна за комарците, кои претпочитаат да ја избегнуваат.

Фото: Пекселс/ monstera

3. Лимон трева
Друг популарен додаток на јадењата, овој пат со ноти од цитрус, е кошмар за комарците. Тоа е растение од фамилијата на треви, кое е богато со етерични масла, корисни хемикалии, минерали и витамини.

Оваа трева расте висока и ако ѝ ги дадете соодветните услови, ќе цвета во вашата саксија и за возврат ќе испушта мирис што ги одбива досадните комарци.

Фото: Peakpx

4. Мачкина трева и нане
Овие сродни растенија содржат соединение наречено непеталактон , кое ги одбива комарците. Затоа искористете ги овие дарови од природата и опкружете се со двете растенија.

Фото: Wikimedia Commons

5. Невен
Покрај тоа што е познат по своите лековити својства, тој е благодарно растение кое не бара многу внимание. Невенот често се сади околу градините за да се спречи штетата предизвикана од разни штетници.

Фото: Пекселс/ philipp-fahlbusch

6. Босилек
Уште едно растение кое е најдобро познато како зачин. Сепак, некои студии сугерираат дека есенцијалните масла од босилек се токсични за ларвите на комарците, па затоа еве еден ефикасен начин да се спречи размножувањето на овие крвопијци.

Фото: Пекселс/suzy-hazelwood

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот