На Пригожин му се допаѓа споредбата со Распутин, која му ја даде „Фајненшл Тајмс“

Евгениј Пригожин/ Фото: Social media / WillWest News / Profimedia

Евгениј Пригожин, првиот човек на руската платеничка група Вагнер, се согласува со споредбите кои ги доби со контроверзниот монах Распутин, кој го лекувал Царевич Романов од хемофилија, но забележува дека неговата задача „не е да го запре крварењето, туку да ја пролее крвта на непријателите на Русија“. Весникот „Фајненшл тајмс“ изминатиот викенд објави дека влијанието на Пригожин во Кремљ расте и го спореди со монахот Григориј Ефимович Распутин, кој имал големо влијание врз сопругата на последниот руски цар, Николај Втори.

Пригожин дури во септември призна дека е основач на групата Вагнер, која одигра голема улога во обидите на Русија да го освои источниот украински регион Донбас. „Не сум многу запознаен со историјата на Распутин, но колку што знам, негова голема заслуга е што користел магии за да го запре крварењето на Царевич“, рече Пригожин во коментарот на написот во британскиот весник.

„За жал, не го запирам крварењето. Ја пролеав крвта на нашите непријатели за нашата татковина. И тоа не го правам со магија, туку со директен контакт со нив“, рече Пригожин, а пренесе неговата служба за односи со јавноста.

Во новото видео, Пригожин се гледа како ги предупредува регрутите за бруталната природа на борбите во Соледар. Така на снимката се слуша како тој ја споредува битката за Сталинград со оваа во Соледар.

Пригожин говори за битката за Сталинград, една од најкрвавите битки во Втората светска војна, која се одржала на крајот на 1942 година и почетокот на 1943 година. На крајот, Германците не успеале да го освојат Сталинград, а нивниот пораз се сметал за еден од пресвртните точки во Втората светска војна. Се проценува дека во битката кај Сталинград загинале околу 2 милиони луѓе.

Групата Вагнер дејствува во бројни африкански земји, главно во борбата против бунтовниците. Во последниве месеци, на видеа, Пригожин се обидува да ги мотивира затворениците од руските казнено-поправни установи да им се придружат на неговите борци во Украина. Авторството на споредбата меѓу Пригожин и контроверзниот монах од крајот на 19 и почетокот на 20 век не му припаѓа на ФТ, туку на руски новинар кој тоа го направил минатата година.

Пригожин, како и чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, уште еден активен поддржувач на руската агресија против Украина, е силен критичар на „воената, бирократската и деловната (руска) елита која, според него, го предава претседателот Владимир Путин со млак и неспособен пристап кон војната“, пишува весникот.

За Пригожин овие споредби се „апсолутно јасни“ и тој смета дека неговата улога е да ги врати „непослушните на вистинскиот пат“. Распутин бил убиен во 1916 година од група благородници кои се плашеле од неговото растечко влијание врз руското царско семејство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот