Фото: ФК Пелистер

На повидок крај на сагата со Мато: Голгетерот на Вардар сепак ќе игра во Шкотска

Трансфер сагата со Роџерс Мато од редовите на Вардар како полека да го добива конечниот епилог и според најновите информации како победник од целиот „циркус“ изгледа ќе излезе тимот на Хартс.

По вчерашната објава на Хартс дека постигнал договор со Мато, денеска од таборот на Вардар стигна информација дека клубот прифатил понуда од Спортинг Канзас Сити од американската МЛС лига. Сепак, целата ситуација доби нов пресврт откако американскиот клуб официјално се повлече од трката.

Во изјава за „Единбург њуз“, од Спортинг Канзас потврдија дека се откажуваат од трансферот, нагласувајќи дека напаѓачот веќе има договор со шкотскиот клуб.

„Спортинг Канзас Сити ја разгледуваше можноста за трансфер на Роџерс Мато, но тој одлучи да потпише преддоговор со Хартс и му посакуваме сѐ најдобро во иднина“, соопштија од американскиот клуб.

Договорот уште еднаш го потврдија и од Хартс.

„Имаме потпишан договор со играчот и сме целосно смирени околу ситуацијата“, изјави портпаролот на шкотскиот клуб.

Така доколку не дојде до некаков пресврт, Мато по завршувањето на тековната сезона ќе го облече дресот на Хартс.

Циркус каков што ретко се гледа: Вардар сега објави дека го продал Мато во САД

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот