На плажа на Кипар е пронајдено тело на маж – веројатно е исчезнатиот руски бизнисмен
Машки труп е пронајден вчера на плажа во областа Авдиму на Кипар за кој властите се сомневаат дека е поврзан со мистериозното исчезнување на 56-годишниот руски бизнисмен Владислав Баумгартнер, објави Ант1.
Препорачано
Пронајдениот труп е во напредна фаза на распаѓање, што во моментов ја оневозможува неговата непосредна идентификација. Властите го префрлија телото во мртовечница, за да може да се изврши обдукција.
Во моментов, полицијата не потврди дали телото му припаѓа на 56-годишниот бизнисмен. Според Канцеларијата на судскиот вештак од Лимасол, засега не е исклучена никаква можност во врска со причината за смртта на непознатиот маж.
Според официјалниот извештај на кипарската полиција, 56-годишникот е исчезнат од својот дом во Лимасол од 7 јануари. Тој е опишан како висок приближно 1,90 м, со витка градба, со седа коса, а во времето на исчезнувањето носел црни шорцеви и црна маица со кратки ракави.

Потрагата по бизнисменот беше прекината во различни периоди поради обилни врнежи од дожд и лошо време.
Кипар е во состојба на зголемена готовност со денови, додека властите истражуваат два мистериозни и потенцијално поврзани случаи, смртта на висок функционер во руската амбасада во Никозија и исчезнувањето на руски бизнисмен во Лимасол.
Висок службеник на Амбасадата на Руската Федерација во Никозија беше пронајден мртов во својата канцеларија напладне во четврток, 8 јануари 2026 година. Руската амбасада ги информираше властите дека смртта е резултат на самоубиство.
Исто така, беше објавено дека рускиот амбасадор оставил писмо, за кое амбасадата соопшти дека ќе биде испратено директно во Москва, а не предадено на властите. Во исто време, властите го истражуваат и исчезнувањето на рускиот бизнисмен Владислав Баумгертнер.
Трилер со двајца руски државјани на Кипар, едниот е исчезнат, другиот пронајден мртов во амбасадата


