Автопат „Патот на Арбр“ во Албанија / фото: Wikipedia / Albinfo

На новиот албански автопат ќе нема патарини од Дебар до Тирана

На новиот автопат во Албанија, кој се протега од граничниот премин „Блато” кај Дебар до главниот град Тирана, нема да се наплатува патарина, објави денеска албанскиот премиер Еди Рама на „Фејсбук“.

-Иако е дел од јавно-приватно партнерство (ЈПП), патарина нема да ја плаќаат ниту албанските граѓани, ниту странците, во време на мојот мандат. Овој пат е финансиран со албански средства. Како што се случува во многу земји во светот, на сите патишта може да се наплатува патарина, но не и Патот на Арбр, додека сум јас на чело на владата, рече Рама.

Делови од автопатот беа пуштени во употреба уште во 2021 година, но поради изградбата на тунелот Муриз, сообраќајот на тој дел се пренасочуваше и патувањето траеше подолго.

– Со пуштањето на тунелот на 14 март, од преминот „Блато“ до Тирана ќе се стигнува за еден час, бидејќи го прави достапен целиот автопат, кој е во должина од 74 километри, објави претходно Белинда Балуку, вицепремиерка, воедно и министерка за инфраструктура и енергетика на Албанија.

Пред изградбата на автопатот, граничниот премин беше на 180 километри од Тирана, а се возеше по лоши патишта.

Лани на влез и излез од земјата на преминот „Блато“ регистрирани се 834.345 патници, 672.062 од нив странски, а 162.283 македонски државјани. Споредено со претходната година, бројот е поголем за 120.086 патници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот