На муабет со Ана Бунтеска: Јавноста се препозна себеси во мене и ги отвори вратите

Црвенокосата витка девојка со кусо име од три букви, со своите нежни и искрени зборови, за брзо време успеа многумина да „натера“ да ја засакаат поезијата. Дури и ако, до тогаш, воопшто не читале поезија. Ана пак, пишува песни од својата 17-та година, но речиси ништо од тој период не сочувала. Првата песна ја постирала на Фејсбук во 2013 година, и оттогаш, отворајќи си ја душата, не престанува да ги отвора душите на оние кои ја читаат, а тие пак, ѝ постираат возвратни воздишки, љубовни исповеди, офкања, насмевки, солзи, радости, сетности…

Зад поетесата Ана Бунтеска се три книги поезија, сите со охрабрувачки наслови „Стави лајк на сопствениот живот“, „Колку е потребно за среќа“ и „Да му се насмееш на животот“, како и приказните за деца „Шарени приказни“ и тин романот „Девојчиња и момчиња“. Пред неа – следува промоција на книгата составена од колумни „Понеделнички муабет со…“ и нова книга поезија.

Во разговорот за „Слободен печат“ со Бунтеска зборуваме на двете најранливи теми. Љубовта и поезијата.

Ах, љубов…На оваа тема секогаш се враќаат писателите, сликарите, музичарите, поетите, обидувајќи се да си ги обликуваат турбуленциите на душата. Што за тебе е љубов? Дали е спас од грдотијата на светот?

-Како стареам, или да бидам понежна кон себе, – станувам повозрасна, сфаќам дека љубовта е избор. Светот е токму онаков каков што го направивме ние кои живееме во него, толку убав, но и толку грд. Генерално на планетава ѝ фали љубов, во сите можни облици. Гладот по неа е на некој начин глад и по она што секој од нас го носи во себе, а тоа е чистотата на душата пред да се изгнаси со она што е денес движечка сила, алчност, манипулација, пакост. Затоа велам дека секој од нас прави избор што ќе живее и што ќе дише, секако тоа и да го пренесе на идните поколенија преку едукација, поезија, музика.

Прочитајте и...  Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно"

Љубовта е сеприсутна во твоите песни. Најсилен противотров, на што?

– На сѐ што нѐ прави да сме затворени во себе, уплашени, во грч дека може да сме повредени. Противотров од навики и вкалапени мисли, мерења и премерувања, пазарења за тоа дали срце и душа се даваат на грамови. Не знам дури ни дали би ја нарекла противотров или начин на живот кој бара чесност и искреност кон себе, а потоа и кон другите.

Се обидуваш ли да ја избегнуваш патетичноста кога пишуваш на тема љубов?

-Ха-ха, воопшто не се оптоварувам со тоа. За едни сум патетична, за други не сум. Впрочем, нема дефиниција за патетика која важи за сите. Пишувам она што ми доаѓа, она што го носам во себе. Дали е тоа патетика, не само што не знам, туку и не ме интересира. Убавината е во различноста, а и во тоа дека човек може да прави избор што чита и кого, сега веќе само со еден клик на Интернет.

Можеш ли да кажеш за твоите песни дека се автобиографски?

-Секако. Јас и онака никогаш не сум криела дека знам да го пишувам само она што сум го искусила на било кој начин.

Некогаш поетите беа сакани, обожувани, опеани и сами во песните на другите поети, оспорувани, критикувани, а сега се речиси невидливи, скриени во своите песни, тивки, скромни и срамежливи. Што ни се случи во меѓувреме?

-Сега живееме во сосем друго време, во кое може да се познаваме едни со други, а никогаш да не се сретнеме. Иако она сакање и обожување, оспорување и критика се сѐ уште присутни. Прво да расчистиме со тоа дека себе никогаш не сум се сметала за поетеса, или она што го пишувам за поезија. Велам дека сум раскажувач на сопствениот живот кој, секако, изобилува со емоции, случки и состојби со кои секој од нас се соочува.

Прочитајте и...  Џафери: Новите 14 дена се доволни за партиите да го договорат датумот за изборите
„Во моментот кога решив дека сѐ ќе оди пред очите на јавноста, „падна“ и одлуката дека голотијата на душата е нешто од што нема бегање.“

Никогаш претходно, како денес, не е толку едноставно да се објави книга со песни, но никогаш ни толку комплицирано, речиси невозможно да се стигне до оние на кои им е наменета таа поезија. Како, преку поезијата, успеваш да и се доближиш на јавноста?

-Прво, се доближувам до себе. Честопати, откако ќе напишам нешто станувам свесна дека имало во мене некое чувство за кое не сум била свесна дека постои. Мислам дека така и надраснав некои свои состојби. А, публиката е неприкосновен критичар. Не може никој да ѝ се доближи ако намирисаат неискреност. Во моментот кога решив дека сѐ ќе оди пред очите на јавноста, „падна“ и одлуката дека голотијата на душата е нешто од што нема бегање. Фасцинантно е колку сме сите ние слични, од ист материјал направени, а само фасадите ни се различни. Не ѝ се приближив на јавноста, таа се препозна себе во мене и ги отвори вратите.

Објавуваш поезија на социјалните мрежи, а имаш објавено и книги. Иста ли е публиката која те чита?

– Се случува да ми кажат дека ме читаат и оние кои немаат Фејсбук, па некако допрело до нив она што го пишувам, дали некој нешто пратил или слушнале. Публиката си има свои критериуми и тоа што ме радува е дека онаа старомодна навика да се купуваат книги уште постои. Ја имам истата, и колку и да читам нешто на Интернет сепак, сакам да го имам дома, на полица, и да го вдишам мирисот на книгата.

Прочитајте и...  Пендаровски: Партиите беа блиску до договор за датум за избори, но во последните два дена комуникацијата е прекината

Денес поезијата се трансформира наоѓајќи си други форми на изразување, особено преку музиката, а класичната поезија згаснува. Како да ги „натераме“ децата да ја сочуваат?

– Децата се одраз на родителите. Читањето се учи од мали нозе. Не сум закоравена за да мислам дека не треба да се оди напред, дури и со вметнување на поезијата во музика, но родителите се тие кои ја всадуваат навиката за читање книги, па и она што се нарекува класична поезија. Впрочем, основата е таа, а сѐ понатаму е развивање на своја форма на искажување.

Те плаши ли љубовта, и тоа ти да не се вљубиш, штом толку си „играш“ со неа преку песните?

– Ах, секако дека ме плаши, особено на 48 години, кога знам колку е ретка и колку е ранлива. Ме плаши сѐ што може да тргне наопаку, а може многу лесно. Станати сме нервозни, во трката со времето полека се губиме, а љубовта бара трпение, нега, надградба. Ете, дури и јас читајќи некогаш што сум напишала, се потсетувам дека љубовта си има потреби како да е жив човек.

Што друго те плаши?

– Отсуството на независност во било кој облик, ме плаши немоќ, болест. Како стареам, смртта ме плаши сѐ помалку, за сметка на тоа да се живее без себе, несвесен и без можност човек сам да може да носи одлуки.

Прочитај повеќе

Се чека одговор од Комисијата за заразни болести – дали угостителите ќе бидат ослободени од обврската да ги легитимираат гостите

МИА Агенција

Двајца починати и 62 новозаразени од ковид-19

МИА Агенција

Мухамед Зекири позитивен на Ковид-19

Слободен печат

Ангеловска: Ќе има измени во протоколите за кафулињата

Слободен печат

Бектеши: ДУИ останува на ставот дека е потребен консензус за датумот за избори

МИА Агенција

Македонец од Белгија сведочи: Пред да се заразам мислев дека ковид-19 е само обичен грип

МИА Агенција

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Идната недела треба да почне издавањето на картичките „Купувам домашно”

МИА Агенција

Папата ги повика светските лидери да даваат пари за истражување, а не за оружје

МИА Агенција

Ангеловска: Остварувањето на буџетските приходи е 12,7 милијарди денари

МИА Агенција

Спасовски: Изборите треба да се одржат на 5 јули

МИА Агенција

Рестриктивните мерки зависат најмногу од граѓаните, смета Спасовски

МИА Агенција

Спасовски: Комисијата за заразни болести да го разгледа прашањето за отварање на границите

МИА Агенција