На матурската забава, со маркер ги обележале учениците вакцинирани против коронавирусот: Родителите бесни

Unsplash
Unsplash

Медиумите ширум САД веќе неколку дена масовно пишуваат за настан што вознемири многу родители и ученици. Имено, учениците од едно  средно училиште во Њу Хемпшир направиле матурска забава, а при пристигнувањето ги пречекало непријатно изненадување – вработените во училиштето ги обележувале со маркер во зависност од тоа дали се вакцинирани против коронавирусот или сè уште немаат примено вакцина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Cuevas (@j_et_eduardo)

Обележувањето на вакцинираните ученици со црвен маркер и спротивното во црн маркер кој бил резервиран за невакцинираните, разбесни многу родители, а еден од присутните ученици истакнал дека за време на забавата требало да кренат раце на крајот на секои неколку песни за одговорните да видат дали обележувањата сè уште е на нивните раце и сето тоа била евидентирано и снимено.

Училиштето се брани со теоријата дека обележувањата се направени само заради евиденција, доколку се поведе истрага за усогласеност со мерките, а не како дискриминација. Понатамошниот тек на оваа ситуација не е познат, пренесува „NBC Boston“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот