На масакрот во Цетиње му претходела расправија за бадниково дрво и жени
Убиецот од Цетиње Ацо Мартиновиќ (45), кој на 1 јануари смртно застрела 12 луѓе, меѓу кои две деца на возраст од 9 и 14 години се скарал со сопственикот на локалот Мирко Вулетиќ (42) околу палењето на бадниковото дрво но и поради некои жени , пишува „Курир.рс“
Препорачано
Расправијата меѓу двајцата започнала околу тоа каде оваа година ќе се пали бадниковото дрво со оглед на тоа што со Цетиње „владеат“ две црковни струи, српската и црногорска. Убиецот во еден момент почнал да ги кажува своите ставови кои не им се допаднале на дел од останатите гости во кафеаната.
Директорот на Управата на црногорската полиција Лазар Шќепановиќ вчера изјави дека сите убиства кои ги изврши во Цетиње Ацо Мартиновиќ на 1 јануари годинава, се извршени за 30 минути.
Шќепановиќ вели дека „околу 17 часот и 15 минути, по вербалниот инцидент во кафеаната, Ацо Мартиновиќ со автомобил отишол на непозната локација, се вратил во 17 часот и 20 минути и почнал да пука во сите во кафеаната“.
-Од 17 часот и 20 минути до 17 часот и 24 минути, тој убил четворица луѓе, а ранил тројца. Меѓу нив се наоѓал и Ј.О, кој заедно со него влегол во автомобилот, а Мартиновиќ го одвел на друга локација во населбата Хумци, каде во тој момент немавме пријава, рече Шќепановиќ.


