На Клиниката за неврохирургија изведена нова техника за флуоросцентно обојување на тумори

Неврохирургија / Фото: МИА

Поранешниот министер за здравство Венко Филипче на Фејсбук објави дека заедно со идниот заменик министер за здравство Владимир Рендевски на Клиниката за неврохирургија извеле нова техника со која се што врши визуелизација, односно флуоросцентно обојување на туморите.

Филипче во објавата на Фејсбук воедно напомена дека оваа примена на напредна технологија, значајно придонесува за прецизно отстранување на тумор на мозокот кај пациентите.

– На колегите од Клиниката им благодарам за асистенцијата. На пациентот му посакувам што побрзо опоравување, стои во објавата на Филипче.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот