На Кирјос му фали „даска“ во глава

Од почетокот на кариерата, Ник Кирјос, наместо со талентот, вниманието кон себе го привлекува со своето непримерно однесување.

Последниот испад на Кирјос е на Мастерсот во Рим од кој е дисквалификуван поради низа инциденти кои ги направи за време на дуелот со Каспер Руд. Австралијанецот незадоволен од однесувањето на навивачите но и на линискиот судија, влезе во расправија со главниот судија, потоа фрли столче на терен поради што загуби гем, и на крајот самоиницијативно го напути теренот.

Тоа донесе до дисквалификација на Кирјос од Мастерсот во Рим, а еден од многумината кои го осудија ваквото однесување е и вујкото и поранешниот тренер на Рафаел Надал, Тони Надал.

– Видев што се случи и навистина и болно. Кирјос влезе во ритам кој само му штети, му фали некоја даска во главата бидејќи ова не е нормално однесување за еден тенисер. Во овој момент тој е многу лош за тенисот. Тоа што АТП треба да го направи е да не му дава публицитет на Кирјос, тој воопшто не прави ништо добро за тенисот и потребна му е суспензија – вели Тони Надал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот