Циркус на Кирјос, фрлаше столици и си замина од теренот (ВИДЕО)

EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Ник Кирјос го потврди епитетот на лошо момче во тенисот, откако денеска направи невиден скандал на Мастерсот во Рим. Тој за време на дуелот против Каспер Руд при резултат 3:6,7:6,1:2, влезе во вербална расправија со линискиот судија поради што доби казна од главниот судија.

Тогаш Кирјос полуде, прво го шутна шишето со вода кон судијата, а потоа и ја фрли столицата на теренот, за на крајот да се поздрави со противникот и демонстративно да си замине од теренот.

Навивачите веднаш побараа, одговорните луѓе во тениската федерација да не го толерираат однесувањето на Кирјос и да добие или повеќегодишбна или доживотна суспензија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот