Викторија Трајков / фото: ТВ 24

На Калас и понудивме неколку сценарија за деблокада, може ќе се најдеме на средина со Бугарија, вели Трајков

Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас внимателно ги сослуша нашите ставови и позиции. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме и посветено работиме да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Сепак, станува збор за двонасочна улица. Не е само ние да покажеме иницијатива и да понудиме решенија, треба истото да го направи и другата страна, изјави заменик министерката во Министерството за европски прашања, Викторија Трајков.

Таа денеска на новинарско прашање дали постои поголем оптимизам во однос на евроинтеграцијата по посетата на Калас и како ја коментира можноста за билатерална средба со бугарската страна на Самитот на НАТО во Хаг, потврди дека ставовите на Бугарија до сега беа тврди и децидни, но ние нема да отстапиме од нашите ставови. Како што рече, постои можност државите да „се најдат на средина“.

-До сега беа децидни и тврди во нивните ставови, не отстапуваме и ние, така што можеби ќе се најдеме некаде на средина. Она што е важно за нас како Влада е да инсистираме добрососедските односи и понатаму да се негуваат како што треба – посочи Трајков.

Таа рече дека ние не отстапуваме од се она што е веќе изјавено од страна на премиерот и претседателката.

-Се радувам што госпоѓата Калас навистина внимателно не сосслуша во однос на тоа кои се нашите ставови и позиции. Ние не отстапуваме од сето тоа кое што претходно и премиерот и претседателката на државата го имаат изјавено. Имаме неколку сценарија кои што ги понудивме. Оставете малку време на времето. Мислам дека сме посветени во тоа да го решиме проблемот и да покажеме позитивен сигнал како добри соседи. Периодов ќе работиме на ова прашање посветено – рече Трајков.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот