12 C
Скопје

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 404 пациенти, слободни кревети има

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 404 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 25 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 34 пациенти. На  инфективното одделение во Тетово има 14 пациенти, во Велес се лекуваат 34 болни, а во Куманово 52 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 53 пациенти, во Прилеп 59, во ковид центарот во Гостивар 7, а во Струга 24 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 31 пациент, во Кочани 7 во Кичево 8, Кавадарци 34, во Гевгелија 9 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.

Прочитајте и...  ВИДЕО | Андоновиќ: Навални и Кашоги повод за американски санкции

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 658 и има околу 415 празни болнички кревети во ковид центрите.

Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.

Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.

Поврзани вести

Заев и Николовски во офанзива против корупцијата: Нема веќе чување предмети во фиоки, да не ни се случуваат „Панами и Белизиња“

Лука Андреев

Во Романија изречени затворски казни за поранешна министерка и ќерката на Басеску

Слободен печат

Мишел: Недвосмислена поддршка на ЕУ за суверенитетот на Украина

Слободен печат

Вакцинирани 2680 здравствени работници, над 118 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против ковид-19

Слободен печат

Џо Бајден му честиташе 90-ти роденден на Михаил Горбачов

Слободен печат

ГАЛЕРИЈА: Смрдеа од човечки измет се шири околу Универзитетската библиотека, раководството вели не сме моќни против граѓаните

Остави Коментар