На гробиштата во Бутел талкаат бездомни кучиња, посетителите исплашени

кучиња
Бездомни кучиња / СП. архива

Десетици кучиња скитници секојдневно можат да се забележат на гробиштата „Бутел“. Глетката на кучиња што талкаат покрај гробните места барајќи храна што ужалените граѓани ја оставиле на гробовите што ги посетиле, честопати создава револт кај населението и страв, затоа што граѓаните се плашат да пристапат до вечните почивалишта на нивните блиски.

Од „Бутел“ АД Скопје велат дека доколку забележат кучиња што барајќи храна талкаат низ гробиштата, веднаш ги известуваат надлежните задолжени за заловување на кучиња од ЈП „Лајка“, кои досега неколкупати имаат постапено по ваквите нивни барања.

-Доколку има поплаки од граѓаните дека имаат забележано кучиња или доколку наши вработени забележат кучиња, ние веднаш пријавуваме до ЈП „Лајка“ – велат од Бутел АД Скопје.

Според нив, кучињата најчесто бараат оставена храна и затоа се собираат таму.

Проблемот околу кучињата ни се појавува и поради тоа што многу често се случува граѓани токму во близина на гробиштата да носат кучиња и тука ги оставаат. Не знаеме дали тоа го прават бидејќи веруваат дека тука за нив има храна – информираат од претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот