На фестивалот „Акто“ се одржа првиот дел од перформансот „Попаметни граѓани“

Перформансот се одржа во киното на Железничката зграда во Скопје

На изложбата „Попаметен град“, која е дел од 18-тото издание на фестивалот „Акто“, на 21 октомври во киното на Железничката зграда во Скопје беше изведен дел од процесот/перформансот во развој насловен „Попаметни граѓани 01“.

Во работниот процес беа вклучени студенти од Архитектонскиот факултет и од Факултетот за драмски уметности, како и од други сродни уметнички факултети во земјава. Започнатиот процес на работа е дел од долгорочниот проект „Градот како сцена: изведување на јавниот простор“, поддржан од Програмата за култура на Швајцарската амбасада.

Проектот „Попаметни граѓани“ во следната фаза ќе биде претставен на театарскиот фестивал Млад отворен театар (МОТ). Процесот на работа вклучува развој на метода за читање на градот и на различните урбани контексти, кои подоцна ќе имаат за цел да се трансформираат во изведба и/или интервенција во јавен простор. За таа цел на изложбата се дискутираа можни решенија, идеи, како и концепти за јавните простори во Скопје.

Процесот на работа со студентите го мониторираа Филип Јовановски (Факултет за работи што не се учат – ФРУ), Миодраг Куч (К/У Берлин) и Борис Бакал („Shadow Casters“ – Загреб) во соработка со креативниот тим од платформата „Градот како сцена“: Ивана Самандова, Димитар Милев, Мартина Пенева, Тамара Џерков, Андреа Маркоска. Настанот „Попаметен град – попаметни граѓани“ е поддржан од Министерството за култура, Фондацијата „Хајнрих Бол“ и Институтот „Гете“.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 202, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ на 28-29.10.2023)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот