Премиерата на перформансот „Железничарот на крајот на светот“ ќе се одржи во киното во Железничката зграда
Проектот „Железничарот на крајот на светот“ е перформативен радиоесеј, чија премиера ќе се одржи на 5 мај (вторник), во просторот на киното во Железничката зграда во Скопје (ул. Борка Талевски 26). Билетите за премиерата се однапред распродадени. Претставата истовремено ќе се емитува на „Стереолаб радио“ во живо. Авторскиот концепт и просторот/сценски дизајн се на Филип …

