НА ДВЕГОДИШНО ДЕВОЈЧЕ ВО ГРАДИНКА МУ ДАЛЕ СРЕДСТВО ЗА ДЕЗИНФЕКЦИЈА НАМЕСТО ВОДА: Врескала и повраќала, а воспитувачката била потресена

Двегодишното девојче од Рача во близина на Крагуевац се отруло во градинка откако испило средство за дезинфекција „асепсол“, кој бил во шишенце со етикета за вода. Девојчето се наоѓа на интензивна нега во болница и не е животно загрозена.

Само благодарение на тоа што брзо било донесено на лекар детето не претрпело тешки последици.

Мислејќи дека во шишенцето на масата има вода, воспитувачката на детето му го дала да пие. Но наместо вода во шишенцето имало средство за дезинфекција „асепсол“, кој во себе содржи отровна супстанца бензакониум-хлорид, која може да биде фатална ако се испие во поголеми количини. За кратко откако испило малку од течноста, детето почнало да повраќа.

Не знаејќи што се случува со детето ја повикале мајката да дојде по неа. Таа ја однела во домот за здравје во Рача, но на лекарите им биле сомнителни симптомите, па побарале детето да биде префрлено во Крагуевац.

„На пола пат кон болница, воспитувачката ја повикала мојата ќерка и рекла дека детето испило „асепсол“ кој бил на масата во шишенце за вода. Штом стигнале во Крагуевац преземени се мерки и детето е згрижено на одделението за педијатрија, а потоа префрлено на интензивна нега. Како што лекарот и кажал на мојата ќерка, детето е добро, но во наредните 48 часа ќе бидат битни во следењето на здравствената состојба“, раскажал за „Блиц.рс“, Томислав Вељковиќ, дедото на детето кое се отруло.

Мајката Јелена Радовановиќ вели дека добила повика од градинка додека била на работа.

Воспитувачката и рекла дека детето се напило вода и дека почнало да се гуши и повраќа.

„Отидов во градинка и слушнав во ходникот како детето вришти и ја видов воспитувачката која беше потресена. Воспитувачката ми го покажа шишенцето кое беше на масичката на кое инаку се чува вода за мали деца. Но не знаевме што било во него. Тргнавме накај дома, но детето постојано плачеше и повраќаше“, раскажува мајката.

Според зборовите на мајката, воспитувачката била многу присебна и кога открила дека во шишенцето наместо вода има „асепсол“, веднаш ми се јави и ми кажа од што е причината за лошото здравје на детето.

Во полицијата веќе имаат сознанија кој го ставил „асепсолот“ на масата, рекла мајката Јелена Радовановиќ.

Инаку Рача има долгогодишен проблем со водоснабдување и многу често се случува да се користи вода од шишиња.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот