На балкон истрчале маратон долг 42 километри!

Колин и Хилда Алин во саботата истрчале 42,2 километри на нивниот 20-метарски балкон, поминувајќи повеќе од 2.100 пати од едната до другата страна на терасата.

Фотографијата, на која е прикажана штоперицата, споделена на социјалните мрежи, покажува дека растојанието го поминале за 5 часа, 9 минути и 39 секунди.

„Успеавме“, напишал Колин на Инстаграм со хаштагот #балконскимаратон. Притоа ѝ го честитал на сопругата првиот истрчан маратон и се заблагодарил за охрабрувачките зборови на луѓето што онлајн ги следеле.

„Луѓе, ви благодарам на сите за вашата поддршка. Одлично беше да трчам заедно со вас“, напишал тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот