На англиската репрезентација ѝ е украдена опрема за тренинг во САД
Фудбалската репрезентација и стручниот штаб на Англија беа ограбени ноќта од петок кон сабота пред да пристигнат во Канзас Сити, каде што ќе се соочат со Хрватска, објавија речиси сите британски медиуми.
Препорачано
Англиската фудбалска асоцијација објави дека меѓу украдените предмети се топки и фудбалски копачки.
Крадците ја извршиле операцијата со провала во возила што ги транспортирале нивните работи од Флорида до „Swoop Soccer Village“.
Меѓу другото, украдени се копачките на најголемите ѕвезди како Хари Кејн и Џуд Белингам, но ги украле и белите табли на тренерот Томас Тухел, како и топките што се користат за тренинг на неговите избраници.
Би-Би-Си објави дека се уапсени двајца осомничени, но дека овој инцидент ќе предизвика проблеми за Тухел во подготовките за натпреварот од Групата Л на Светското првенство помеѓу Англија и Хрватска, кој е закажан да започне во среда од 22.00 часот.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
8мин
-
52мин
-
59мин
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


